Од среда до недела има „Пивленд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
20818949_1501000679965381_507792792927519963_o

Дали скопјани можат да испијат повеќе пиво од последното издание на Пиволенд во 2017 година? Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.

— реклама —

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека  „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

— реклама —

Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

— реклама —

„Мораме да споменеме дека овогодинешниот Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион.“ - велат организаторите на Пиволенд.

Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува на 31.08.2022 (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Атрактивните сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, големиот број на забавни активности и пеtте години пауза алудираат на нови рекорди на посетеност на Пиволенд и испиено пиво.

Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд ,,Сол Ночиво” во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет” кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар. Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад ,,Македонија” посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението ,,Во мојот свет”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања