Од утре целосно затворени за сообраќај булеварите Крсте Мисирков и Кочо Рацин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
133474234-105843-207971

Градот Скопје информира дека од утре (31.08.2019 година, сабота) со почеток од 8 часот, па се до недела (01.09.2019 година) до 8 часот, за сообраќај комплетно ќе биде затворен булеварот Крсте Мисирков, на потегот од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот Гоце Делчев, во насока кон центар (страната кај Бит-пазар). Поради тоа, комплетниот автобуски и моторен сообраќај ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот Александар Македонски, улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев.

— реклама —

 Исто така, утре (31.08.2019 година, сабота) ќе се врши асфалтирање со завршен слој на булеварот Кочо Рацин и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до раскрсницата со улицата Свети Кирил и Методиј, во насока кон центарот. За таа цел, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите Крсте Мисирков, Гоце Делчев и Филип втори македонски.

— реклама —

Градот Скопје апелира до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања