Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Од утре голема урбана журка во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Plakat

Општина Аеродром организира голем урбан настан „Бек ту скул вик“ (BACK 2 SCHOOL WEEK) што ќе се одржи од утре, 24 августдо 1 септември на повеќе локации низ општината.

Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година.

Утре, 24 август (сабота), со настапи почнуваат ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“.

— реклама —

Продолжуваме на:

- 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;

- 26 август (понеделник) во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;

— реклама —

- 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;

- 28 август (среда) во истиот парк ќе танцуваме во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5;

- истата локација ќе биде место за луда забава и на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;

— реклама —

- и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.

Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.

Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот.

— реклама —

BACK 2 SCHOOL WEEK ќе го заокружиме со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18:00 часот, а ќе се релаксираме со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.          Подгответе се за уникатна забава. Ве очекуваме со позитивна енергија и многу насмевки.

Создаваме моменти за паметење!

Упатуваме отворена покана до сите граѓани, а не само до жителите на Општина Аеродром. Исто така, напомнуваме дека сите настани се бесплатни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања