Промени тема
Контакт

Од утре почнува парното греење поради пад на температурите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Поради најавените пониски температури, АД ЕСМ од утре, 13 октомври, ќе започне со испорака на топлинска енергија до корисниците приклучени на системите за греење со кои управува компанијата, преку ЕСМ Снабдување со топлина и подружницата „Енергетика“.

— реклама —

Иако официјалниот почеток на грејната сезона е предвиден за 15 октомври, регулативата овозможува греењето да започне и порано доколку прогнозираната средна дневна температура за наредниот ден изнесува 12 Целзиусови степени или помалку.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври се предвидува средна дневна температура од 12 степени, со што се исполнети законските услови за предвремен почеток на испораката.

— реклама —

Од ЕСМ посочуваат дека во текот на октомври и првата половина од ноември интензитетот на греењето ќе се приспособува на надворешните температури. Во периодите кога времето ќе биде потопло, испораката ќе се намалува или привремено ќе се прекинува, додека при заладување греењето автоматски ќе се активира.

— реклама —

До 15 октомври компанијата секојдневно ќе објавува информации за испораката на топлинска енергија на својата интернет-страница.

Истовремено, од АД ЕСМ апелираат до граѓаните што поскоро да ги завршат сите интервенции на внатрешните инсталации за греење.

Заедниците на сопственици, пак, треба да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници, редовно снабдување со електрична енергија и навремено подмирени сметки за струја во заедничките простории.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

parno-1

Српски медиуми: Скопје има гас за само две недели, а грејната сезона почнува в сабота

Скопје | пред 4 години

— реклама —
klima

„Владата ги стимулираше граѓаните да се греат на струја, а сега ги казнува со висока индустриска цена“, вели О2 иницијатива

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања