ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од утре почнува повратот на персоналниот данок за земјоделците, ќе се исплатат 80 милиони денари на 17.000 земјоделци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
79721581_441248306827900_5547162395513716736_n

Управата за јавни приходи од утре ќе започне со исплата на повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците. На денешната заедничка прес конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, посочија дека по овој основ до крајот на годинава ќе се исплатат 80 милиони денари на околу 17.000 земјоделци, кои го остваруваат правото на поврат на персонален данок на доход.

— реклама —

„ Персоналниот данок ќе им биде вратен на сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и коишто оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари. Оваа исплата е за приходите остварени до крајот на 2018 година.Овие пари ги враќаме директно кај земјоделците, што во текот на 2018 година оствариле приходи од продажба на земјоделски производи до 1 милион денари, како дополнителен приход, за да ги реинвестираат и да го зголемат производството“, изјави министерот Димковски.

Право на поврат на персоналниот данок имаат земјоделците коишто не се ДДВ обврзници, немаат остварено приходи по друг основ, земјоделците да не се во работен однос и да не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

— реклама —

Повратот ќе се врши на трансакциските сметки на земјоделците и ќе врши неколкукратно до крајот на годината односно додека не се исцрпи целиот поврат.

„За земјоделците на кои им следува поврат, а за кои УЈП и МЗШВ во моментот не располагаат со точен податок за трансакциска сметка, УЈП ќе направи напор да ги обезбеди по службен пат и директно во контакт со лицата. Токму затоа, доколку некои од земјоделците во текот на годината имаат некакви промени, апелираме да ја известат УЈП. Граѓаните кои остваруваат приходи единствено од земјоделска дејност може да добијат поврат во износи до 20.000 денари. Дополнително, тие беа ослободени и од административни процедури како поднесување барање за регистрација како даночни обврзници и плаќање на административни такси “, изјави директорката Лукаревска.

На почетокот на 2018 година, Владата на Република Северна Македонија го измени Законот за персонален данок на доход,  со што се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од претходните 300.000 денари на 1.000.000 денари. Дополнително со законските измени значително се поедноставија даночните постапки за земјоделците, како поднесување на барања за регистрација и плаќање на административни такси.

FZpyPP4Zmnc

фото и видео: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања