Сојузот на средношколци одлучи да продолжи со бојкотот на наставата и во текот на следната недела.
- Во меѓувреме ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со сите пратеници и пратенички групи коишто ги поддржуваат нашите барања, велат од сојузот на средношколци.
Наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени“, велат од Сојузот.
Од таму додаваат дека се очекува широк консензус во Собранието околу нивните барања бидејќи ова прашање засега 18 илјади матуранти.
фото: Архива