Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Од утре продолжува кампањата за инфо денови за Мерка 3 од ИПАРД програмата 2014-2020

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zemjodelstvo

Продолжува кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој - ИПАРД 2014 – 2020, од страна на секторот за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.  Во рамки на едукативната кампања, ќе се одржат инфо-денови во неколку градови, каде што заинтересираните граѓани и правни субјекти ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел да добијат средства од оваа програма.

На 9 јануари 2020 година, инфо денови ќе се одржат во Ранковце од 10:00 часот во Противпожарниот дом и во Свети Николе од 14:00 часот во Големата сала во Собранието на општина Свети Николе. На 10 јануари, кампањата за едукација за ИПАРД фондовите ќе биде во Струмица и ќе започне од 11:00 часот.

Инфо караванот продолжува на 15 јануари во Прилеп со почеток во 11 часот. 16 јануари е резервиран за жителите на Тетово со почеток во 10:00 часот и Кичево со почеток во 14:00 часот. Инфо деновите во главниот град ќе се одржат во општините Карпош во 10:00 часот и Аеродром во 14:00 часот на ден 17 јануари.

— реклама —

Во Битола караванот ќе пристигне на 23 јануари во 11 часот, во Градско на 24 јануари во 11 часот, додека во Кочани на 28 јануари во 11:00 часот. Инфо деновите за Мерка 3 ќе завршат во Богданци на 29 јануари во 11:часот.

На инфо деновите ќе биде претставена Мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи“ од ИПАРД програмата 2014-2020, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.

— реклама —

Корисници на мерката можат да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги кои што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури), преработка на житарици, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица кои што произведуваат  енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

— реклама —

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и тоа: http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk, http://www.ipardpa.gov.mk,  http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања