Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Oд утре промена на времето: метеоролозите најавуваат силен ветер и обилни дождови и грмежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
271957282_480992096753139_6073821672417444389_n


Од утре ќе следи промена на времето, најавува УХМР.

— реклама —


— реклама —

Според прогнозите, времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 километри на час). Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Во ноќните часови врнежите ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 24 степени.

— реклама —


Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, во делови од котлината пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 23 степени.


Во сабота времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат попладне во западните делови.


Потоа, во тек на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи, но со тренд на постепено намалување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања