Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Од утре се воведува делумна забрана за движење во шуми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
suma-333

Од ЈП „Национални шуми“, известуваат дека делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појавана шумски пожари, односно до нејзиното отповикување.

— реклама —

Оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ – Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат.

— реклама —

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања