Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Од утре времен сообраќаен режим на улица Пластичарска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. Пластичарска, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре 25.02.2020 година (вторник), кога ќе почне  асфалтирањето на  северната тротоарска површина на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со ул.Македонско-косовска бригада. Потоа ќе  продолжи асфалтирањето на површините по должината на  улицата на делот од проширувањето, како и  гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.

— реклама —

Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во правец кон касарната Илинден,сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата  за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.

— реклама —

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат  својата брзина на движење според условите на патот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања