Промени тема
Контакт

Од утре затворени дивите приклучоци на автопатот Охрид–Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Охрид
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

СВР Охрид информира дека од утре, 29 април 2026 година, за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид–Кичево, во близина на селата Требеништа и Мешеишта, во општина Дебрца.

— реклама —

Со оваа мерка, како што посочуваат од полицијата, се воведува единствен режим за безбедно приклучување на автопатот. Возачите ќе мора исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, до кој водат споредни патишта надвор од автопатот.

— реклама —

Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот строго да се придржуваат до новите насоки и да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

На терен ќе има засилено полициско присуство.

— реклама —

„Апелираме до возачите строго да се придржуваат до овие насоки, да ја почитуваат сигнализацијата и насоките на полициските службеници кои од утре ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на овој патен потег со цел контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај“, велат од СВР Охрид.

Полицијата најавува санкции за сите кои ќе се обидат да се вклучат на автопатот на недозволени места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 1 ден

— реклама —
media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 1 ден

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 1 ден

media-libraryp57ltpjlvlkh0URe86u

„Охридски комуналец“ со активности за одржување на јавната хигиена на повеќе локации

ОО | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања