Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во рамки на генералната проба за 20. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември, во СРЦ „Борис Трајковски“, соопшти МВР.
За сообраќај, како што наведе МВР, ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.