Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Од вкупниот буџет за 2023 година за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
pari

Владата предводена од СДСМ изминатите 10 месеци, во период на најголема светска и енергетска криза, со низа мерки ја заштити домашната економија и животниот стандард на граѓаните, вели СДСМ

„Со 80 отсто се субвенционира цената на струјата за граѓаните и за 72.000 компании, кои вработуваат најголем дел од од работниците во државата.

— реклама —

Субвенционирана струја, согласно одлуката на Владата се обезбедува и за основните и средните училишта, јавните претпријатија од областа на водостопанството и компаниите од прехранбената идустрија.

Досега 187 компании од прехранбената индустрија склучиле договор за субвенционирана струја, што доведува до намалување на цените на основните прехранбени производи.

— реклама —

Кај некои од пекарите веќе е регистрирано намалување на цената на белиот леб, исто така има намалување на цените на млекото кај дел од млекарниците.

— реклама —

Во наредниот период очекуваме продолжување на падот на цените и кај другите производители од пекарската, од млечната и од месната индустрија, кое што намалување се очекува да биде до 10 отсто.

Антикризните мерки даваат резултат, а поддршката продолжува и наредната година.

— реклама —

Од вкупниот буџет за 2023 година за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра.

Со СДСМ никој не е и никој нема да биде оставен сам да се справува во оваа најтешка светска економска и енергетска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања