„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Од Западен Балкан само минатата година во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Во Европската Унија минатата година легално се доселиле 228 илјади граѓани на земјите од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово, покажуваат податоците на Еуростат, кои ги пренесуваат регионалните медиуми.

— реклама —

Најмногу иселеници во ЕУ заминале од Албанија 62.000, потоа од БиХ 53.000 како и 51.000 Срби. Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, а од Северна Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000.

Од Албанија најголем број граѓани се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10.000). Од БиХ најмногу заминале за Германија (16.000), а другите во Словенија и Хрватска.

— реклама —

Од Србија минатата година најмногу граѓани се иселиле во Германија (16.000), потоа во Словенија 5.100 и Хрватска и Словачка има по 4.900 иселеници.

Од Косово, кое во овој документ е наведено како територија на ОН според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, најмногу луѓе минатата година заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Хрватска.

Од Северна Македонија најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања