Промени тема
Контакт

Одбележан денот на балканските Египќани во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
20230624_140835

Со средба на претставниците на Египќаните од Македонија, Албанија и Косово, денес во Охрид се одбелжува 24 јуни – Денот на Балканските Египќани. Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на Египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани Египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници. Верувам дека и како држава ќе продолжиме да ги унапредуваме правата на Египќаните во заедничкиот дом – Македонија, за заедно да градиме просперитетна заедница за сите граѓани –истакна Пецаков.

— реклама —
— реклама —

Според здруженијата на Египќаните од Албанија и Косово, нивниот број е далеку поголем од официјалните пописни резултати во овие земји. Па така, во моментв во Косово живеат околу 20 илјади, а во Албанија над 200 илјади Египќани. Претставниците на оваа заедница во Косово имаат едно загарантирано пратеничко место во Косовскиот парламент, а во Албанија во моментов се во фаза на формирање на политичка партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања