Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Одбележан денот на Охридското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ezero-3

Со богата културно уметничка програма, во присуство на претставници на општините Охрид, Струга и Поградец од соседна Албанија, денеска свечено беше одбележан 21-ви Јуни-Денот на Охридското Езеро. Оваа  манифестација е востановена со потпишување на меморандумот за разбирање меѓу општините Охрид, Струга и Поградец од соседна Албанија во февруари 2000 година.

— реклама —

– Со одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, денес како и годините наназад упатуваме порака дека заеднички ќе ги интензивираме активностите за негова заштита, како светско природно богатство.Во езерото, за кое научниците тврдат дека е старо околу 3 милиони години, има ендемични видови на растителен и животински свет, богатство кое не е само наше туку е планетарна природна ризница.Токму затоа, сериозно треба да ги прифатиме и да ги реализираме забелешките на меѓународните  организации,особено на УНЕСКО и да почнеме со примена на нови практики кои ќе овозможат заштита и одржлив развој-рече во обраќањето градоначалникот Константин Георгиески.

— реклама —

Градоначалникот на општина Поградец од соседна Албанија Едуард Капри истакна дека заедничкото одбележување на Денот на Охридското Езеро е и заедничка обврска за негова интегрална и трансгранична заштита.

— реклама —

– Зашитата на Охридското Езеро има особено значење за одржлив развој на целиот регион, кој ќе ни овозможи да креираме нови стратегии особено во областа на туризмот- рече во обраќањето претседателот на Советот на општина Струга Албриум Положани.

Во културно- уметничката програма учествуваа дечиња од детската градинка „Јасна Ристеска“ , ученици од ОУ „Братство-Единство“ , музичката група „Везилка“ и КУД „Ѓердан“ .

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања