Македонскиот јазик денес е признаен во целиот свет. Рамноправен со сите светски јазици. Запишан како македонски јазик во личната карта и во каталогот на нациите во Обединетите Нации, а во државата се зборуваат и албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, влашкиот и ромскиот јазик.На централно ниво, со примена на Законот за употреба на јазиците се употребува македонскиот јазик и неговото писмо, и албанскиот јазик и неговото писмо, а на локално ниво се употребуваат повеќе јазици освен македонскиот јазик.Албанскиот јазик се употребува во 25 општини, турскиот јазик во 10 општини, српскиот јазик во 3 општини, ромскиот јазик во 2 општини, босанскиот јазик во 2 општини и влашкиот јазик во една општина.Ова покажува отвореност на општеството на нашата држава на сите рамништа, особено земајќи во предвид дека во неколку од општините во кои се употребуваат повеќе јазици, тоа е направено со одлука на советот, а не поради законска одредба, што ја покажува желбата на институциите да бидат отворени и пристапни кон своите граѓани, беше истакнато на настанот во Крушево по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.фото:Влада
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY
Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 5 години -
Македонија