Промени тема
Контакт

Одбележана годишнина од смртта на Марко Бошњаков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

ОО
media-library5ls2du9pj6qu2EFP4Eo

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето  кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков, а по повод 118 години од неговата смрт.

— реклама —

На настанот присуствуваа и претставници од  Подрачната единица на Историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.

— реклама —

Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун. Бил заробен од аскерот во Солун и осуден на смрт. Смртната казна му била заменета со доживотна робија што ја отслужувал во тогашниот злогласен затвор Музрул во Африка, каде и умрел на 27-ми февруари 1908 година, само неколку месеци пред да се прогласи амнестијата од страна на Младотурците.

— реклама —

Марко Бошњаков во својот претсмртен час на неговите другари Павел Шатев и Ѓорѓи Богданов им оставил аманет: „Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“.

— реклама —

Единствените преживеани гемиџии, Шатев и Богданов го исполниле аманетот на Бошњаков така што ја отсекле главата од беживотното тело и ја донеле во неговиот роден град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања