Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Brodska_nesreka_odbelezje

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески.

– Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили настани. Да не се повтори. Сите години правиме се за да ја подигнеме безбедноста во водите на Охридското Езеро и тоа ќе продолжиме да го правиме и понатака, рече Николески.

— реклама —

Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов кој ја предводеше делегацијата на Република Бугарија, рече дека пред 12 години бил еден од првите кој бил тука за да види што точно се случи.

— реклама —

– За тие 12 години имаше една мала плоча која беше поставена од Ротари клуб Охрид. Минатата година со финансиска помош од Министерството за надворешни работи на Бугарија и општина Охрид го направивме овој нов споменик. За таа една година спомен плочата еднаш беше оштетена и еднаш беше испишана со спреј. Сакам да им се заблагодарам на сите кои реагираа навремено и ја вратија спомен плочата во првобитната состојба. Се надевам дека нема ова да се повтори никогаш повеќе, зошто загинатите туристи кои се невини, не смеат да бидат употребени за дневна политика. Ќе продолжиме да го оддбележуваме овој ден и во иднина,рече Ангелов.

— реклама —

Свежо цвеќе пред спомен обележјето положија повеќе делегации од Бугарија и Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања