„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Одбележани 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Швајцарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
a9-3

— реклама —

Вчера, заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, присуствуваше на свеченост организирана од страна на швајцарската амбасадорка Сибил Зутер, по повод 25 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Швајцарија.

— реклама —

На настанот беа истакнати пријателските односи помеѓу двете земји, како и значајната поддршка којашто Швајцарија ѝ ја дава на Република Македонија во нејзините напори да изгради социјално инклузивна демократија, да ја развие економијата, да ја подобри инфраструктурата и да ја заштити животната средина. Се дискутираше и за улогата на дијаспората од Република Македонија во Швајцарија со над 80 000 лица како мост помеѓу двете земји. Амбасадорката Зутер и заменик министерот Жерновски ја повторија заемната желба за поинтензивен политички дијалог и билатерална економска размена, како и за понатамошна соработка во сите области.

Заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски ја нагласи важноста на пријателските односи и користа од поддршката на швајцарската Влада во изминатите 25 години: „Убеден сум декана 25 годишниот јубилеј ќе гледаме како на нов почеток.  Македонија силно ја цени поддршката на Швајцарија , преку реформите да ги постигнеме европските стандарди и вредности и да продолжиме со социјално инклузивната демократија и пазарна економија, воедно обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси”  - ЗМНР Жерновски.

„Во последните 25 години Швајцарија и Македонија развија силно партнерство преку политичка размена, трговија и инвестиции, и развојна соработка. Денес Швајцарија е рангирана меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Македонија. Во годините што доаѓаат остануваме посветени и понатаму да ѝ пружиме поддршка на Македонија на нејзината патека кон европска интеграција преку нашата обемна програма за соработка,“ рече амбасадорката Зутер.

Швајцарија и Република Македонија воспоставија целосни дипломатски и конзуларни односи на 31 јануари 1994 година. Оттогаш Швајцарија се вбројува меѓу најголемите билатерални партнери за соработка и ја поддржува земјата во реформите и напорите за развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања