Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Одбележани 75 години од смртта на Кузман Јосифоски – Питу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
52973956_10155639071496706_3786982156484476928_n

Пред спомен обележјето на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, во Општина Карпош, се одбележаа 75 години од неговата смрт. Чествувањето беше во организација на локалната самоуправа и Сојузот на борци на Македонија.

На денешното чествување свежо цвеќе положија повеќе организации, институции и здруженија.

— реклама —

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој зборуваше за значењето на Кузман и сите придобивки од Народно ослободителната борба (НОБ).

— реклама —

- Придобивките од НОБ се големи, истите треба да ги вреднуваме и да ги пренесуваме на новите генерации. Токму денеска, ние, новите генерации и нашата држава го положивме главниот тест на зрелост и покажавме дека сакаме сигурна, безбедна и интегрирана земја.

Со нашето членство во НАТО и трасирање на патот кон Европската унија, изразивме цврста заложба дека сакаме сегашност и иднина!

Во минатиот век главен предизвик ни било формирањето на државата и нејзината самостојност. Со евроатлантските интеграции ја зацврстивме сигурноста и перспективите за сите нас.

— реклама —

Не дозволивме да бидеме заробени во минатото туку преземавме иницијатива за подобар живот и стабилност, рече Богоев.

Пред присутните се обрати и претставник од Сојузот на борците, кој на сликовит начин го опиша животот на Кузман Јосифоски - Питу, неговата младост и народно – ослободителна дејност.

— реклама —

За делото на Питу, денеска учат и младите генерации. Во негова чест, литературни читања имаа и ученици од основното училиште „Владо Тасевски“, од Козле.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања