Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Одбележани 𝟣𝟢𝟢 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
IMG-8659354b8f5377ee6d229fd9218e8666-V

Вчера во „Спомен куќата на Христо Узунов“ беа одбележани јубилејни 100 години од смртта на Петар Чаулев, истакнат охридски револуцинер и војвода. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

— реклама —

– Денес е исклучителен ден, во кој се одбележува 100-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски револуционер Петар Чаулев. Во славната Илинденска епопеја, младиот Чаулев бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, учествувал во Балканските војни и Тиквешкото востание, а бил и креатор на Охридско –дебарското востание.

Личноста на Петар Чаулев е цвстро врзана за автономна и автентична борба на македонците за слободна Македонија. Во таа смисла тој до крајот на својот живот останал верен на својот потпис на Мајскиот манифест, кој предвидувал обединување на сите партии и фракции во борбата за ослободување на Македонија.

— реклама —

Многу години подоцна, идеалите на Чаулев за слобода, ќе се реализираат преку големата антифашистичка победа во Втората светска војна и конечното ослободување на Македонија. Ние како генерација и оние кои ќе дојдат после нас, секогаш со посебен пиетет ќе се сеќаваме на големото револуционерно дело на великот Петар Чаулев – истакна Божиновски.

Настанот беше збогатен со историски осврт кон ликот и делото на револуционерот преку драмата „Последниот лет на Чаулев“, во изведба на учениците од Охридската гимназија, во адаптација на проферот Михаил Патчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Македонија | пред 5 месеци

Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

ОО | пред 1 година

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

ОО | пред 1 година

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања