Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Одбиени плаќања, банкомати вон функција – плаќањата со картички не поминуваат оти некои од банките имаат проблем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Не може да се подигнува готовина од банкомат, ниту да се плаќа со картички – со ваков проблем се соочуваат многумина граѓани кои се обидуваат денеска да направат трансакција. Плаќањето е одбиено, банкоматите се вон функција. Проблемот го имаат повеќе банки, меѓу кои и „НЛБ Тутунска банка“. Тие посочуваат дека имаат технички проблеми.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„Макфакс“ побара информации од МВР дали кај нив е пријавен упад во некој банкарски систем – но до овој момент, не добивме одговор.

— реклама —

„Ве известуваме дека нашата ATM мрежа моментално се соочува со технички проблем и како резултат на ова, подигнувањето готовина од банкоматите на НЛБ Банка е привремено оневозможено. Нашите тимови работат на решавање на проблемот. Доколку имате итна потреба од подигнување на готовина од вашата трансакциска сметка, ви препорачуваме да ја посетите најблиската експозитура на Банката. Подигнувањето на средствата ќе ви биде овозможено без надоместок.

Искрено се извинуваме за непријатностите и го цениме вашето трпение и разбирање“, велат од НЛБ Тутунска банка.

— реклама —

Оттаму нема информација, зошто со платежните картички не може да се плаќа во продажни објекти. Во МВР прашавме дали има пријава од било која од банките за хибриден напад. Оттаму очекуваме одговор.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања