Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Одбиени приговорите на обвинетите за случај „Моќник“против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот Милошоски и неговиот татко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
antonijo-milosovski

Советот за оценка на обвинението за случај „Моќник“ против 13 лица, вклучувајќи ги и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и татко му, ги одби приговорите на обвинетите и во целост го одобри обвинителниот акт, соопшти Основниот кривичен суд.

„Предметот кој е оформен по одобрениот обвинителниот акт согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење и по насрочување на главната расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, додаваат од судот.

— реклама —

Според обвинението, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, татко му и  поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, заеднички издејствувале за 100 денари од квадратен метар да се продаде објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

— реклама —

Во случајот се инволвирани уште 10 лица кои биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

— реклама —

По предметот, во јавноста познат како „Моќник“, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше СЈО.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања