ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Одбиени сите тужби на АА и Алтернатива, Села остварил средби со неколку амбасадори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
upraven-sud

Сите 75 тужби кои Алијансата за Албанците и Алтернатива ги поднесоа пред Управниот суд  се одбиени.

— реклама —

Ваква одлука е донесена и за единствената тужба која ја поднесе полтиичката партија Интегра.

Со ова се потврдува одлуката која претходно ја донесе ДИК.

— реклама —

Од Алијансата за Албанците преку соопштение информираа дека претседателот на партијата Зијадин Села остварил средба со неколку амбасадори. Села ги навел забелешките за изборниот процес, и како што наведуваат „за организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ.

Претседателот на АА во дипломатска офанзива, средба со евроамбасадорот г. Самуел Жбогар, амбасадорот на Франција г. Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија г. Анке Холстеи Денес, претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села заедно со потпретседателот Елми Азири остварија низа средби со амбасадорите на најважните земји на ЕУ. Претседателот Села се сретна со амбасадорот на Европската унија Самуел Жогар, потоа со амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија Анке Холстеи. На средбите се разговараше за изборниот процес, при што беа дадени сериозни забелешки од претседателот Зијадин Села како резултат на организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ. Понатаму се разговараше за судските постапки иницирани од коалицијата „Сега е времето“, жалбите поднесени до ДИК, Вишиот управен суд, итн., како и за најавените протести за понеделник во одбрана на демократијата под мотото Избори ДА крадење НЕ. На средбите беше покажан посебен интерес за идниот состав на владата, како и за факторингот и легитимната улога на коалицијата АА-ААА. На средбата беше истакнато дека демократизацијата на земјата и предизвиците кон членството на земјата во ЕУ, при што претседателот Села ги извести амбасадорите дека владеењето на правото, интеграцијата на земјата во ЕУ, економскиот развој ќе бидат политички приоритети, за да им се обезбеди подобар живот на граѓаните и еднаква држава за сите. Алијанса за Албанците 22 јули 2020 година, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Вкупно досега во управниот суд се поднесени 185 тужби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања