Промени тема
Контакт

Одблиску се следат светските економски текови и се делува за заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kuzeska

Она што се случува деновиве, воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет, покажува колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Мирот и безбедноста на граѓаните се од огромно, непроценливо значење, кое за жал во вакви трагични моменти, особено го потенцираме.

Како една мала земја, ова ни покажува колку за нас, за Северна Македонија е важно членството во НАТО алијансата.

За нас, овој историски успех, ова исполнување на стратешката цел да бидеме членка на НАТО значи сигурност и безбедност на граѓаните. НАТО за нас значи обезбеден суверенитет и територијален интегритет.

Денеска можеме јасно да видиме. Нема цена мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која со членството на НАТО ја обезбедивме.

— реклама —

Нашите граѓаните се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО, ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

И тоа не е воопшто мала туку голема, огромна работа.

— реклама —

Би сакала да ги споменам и добро поставените економски политики.

Бидејќи воените судири секако ќе ја продлабочат енергетската криза исклучително е важно што владата предводена од СДСМ исправно се постави.

Сите ресурси ги насочи кон соочување со последиците од енергетската криза и презеде низа ерки за заштита на стандардот на граѓаните.

— реклама —

Одблиску се следат светските економски текови и се делува за заштита на домашната економија и стандардот на граѓаните.

Тоа е одговорно и државничко однесување и кон граѓаните и кон државата. Тоа е СДСМ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања