Промени тема
Контакт

Одбрана на Арсовска и Мицкоски: СДСМ е против набавка на најмалку 100 нови електрични автобуси и фабрика во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_20211003_210526_063

„Ние нема да прашуваме зошто Зоран Заев и во кое својство се фали со минималната плата, иако веќе Зоран Заев не е премиер. Нема да го поставиме тоа прашање затоа што е совршено јасно дека Димитар Ковачевски е пиунот преку кој што Зоран Заев продолжува да ја краде и да ја уништува државата“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање за став во однос на напаѓањата на СДСМ за најавата за нови автобуси и нови проекти од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Стоилковски додаде дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува проекти меѓу кои и за мега набавка на најмалку 100 електрични автобуси, како човек кој што ја доби мнозинската поддршка од народот на последните избори и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ кој што држи до зборот и до ветеното.

— реклама —

„Ја разбираме нервозата во СДСМ која што целата енергија, кога веќе има целосно отсуство од работа во институциите под нивна контрола, и таа енергија ја насочува кон деструкција и дезинформации“, нагласи Стоилковски.

— реклама —

Стоилковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија досега ќе излезеше и ќе го поздравеше проектот со којшто ќе се преполови загаденоста на воздухот во Скопје. Но, жално е што СДСМ е против набавка на најмалку 100 нови електрични автобуси, преполовена загаденост на воздухот во Скопје и СДСМ е против фабрика со 500 нови вработувања.

— реклама —

„Тие градеа хациенди дивоградби и местат тендери, ВМРО-ДПМНЕ прави промена и создава иднина. Нека продолжат да напаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи“, појасни Стоилковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања