Орце Камчев рече: „’Империја’ е измислен предмет за јас да бидам рекетиран“. Не може да не се запрашаме дали е можна обратна ситуација: случајот „Рекет“ да е создаден за затворање на предметот „Империја“. Дали нападот е најдобра одбрана во секоја кривична постапка?, вака адвокат на Катица Јанева, Дељо Кадиев, утрово ги започна завршните зборови за случајот „Рекет“, објави 360stepeni.mk.
Катица Јанева, рече адвокатот, ја гонат дека ја злоупотребила службената положба и овластување на тој начин што му нудела на Камчев да биде заштитен сведок или да се спогоди. Но, самиот бизнисмен, вели одбраната, на прашање на обвинителството кога сведочеше рече: „Катица не ми понуди спогодување, не ми понуди да бидам заштитен сведок“.
„Очигледно е дека не сведочи ,туку дава одбрана во ‘Империја’. Тој има право да се брани како што сака во ‘Империја’, но не може да се брани така што ќе сведочи во друг предмет“, рече Кадиев.
Тој зборуваше и за снимките на Орце Камчев, алудирајќи дека станува збор за незаконски стекнати материјали, кои не може да бидат доказ.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk.