Промени тема
Контакт

Одгледувал 33 стебла канабис во двор, па доби 30 дневен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kanabis

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението Cannabis Sativa, од кое со обработка се добива наркотична дрога – марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП Исар во Штип.

— реклама —

Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kanabis

Владата нареди вонредни контроли на сите производители на медицински канабис

Македонија | пред 6 месеци

kanabis

Претрес во Скопје: Лишени од слобода две лица, пронајдена марихуана

Скопје | пред 11 месец

sudenje

Осум години затвор за негувателка која тепала и малтретирала бебиња во градинка во Лондон

Свет | пред 11 месец

2022-08-06_10-08-35-098

Претрес во Ајватовци: откриена мини-плантажа со канабис

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања