„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Одговорност за моменталната состојба со КОВИД 19 не треба да сноси никој, вели Заев и додава дека на Филипче ќе му даде медал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev

Премерот Зоран Заев не чувствува одговорност за широката распространетост на коронавирусот. На новинарско прашање дали некој треба да понесе одговорност поради големата смрттност Заев вели:

— реклама —

Кажете од кого очекувате одговорност, јас мислам дека не треба никој да сноси.

Кажете ја слободно оставката ако ја барате. Нашиот здравствен персонал и сите здравствени експерти прават се што е возможно и тоа што се очекувало од нив. И апсолутно не треба никој од здравствениот аспект да понесе било каква одговорност. Тоа се нашите херои. Сите. Од министерот за здравство, до заменикот, до последниот здравствен работник. Или администрација која помага. Навистина спремаме ордени и јас ќе ги делам. Тука не гледам никаква одговорност. Ако мислите дека на овој начин, барањето на одговорност ќе ја промени одлуката, не. Согласно пресекот на неделно или двонеделно ниво се носат одлуките. Секогаш се носат мерки кои што се соодветни на состојбата, согласно анализите. Тоа е причината. Нема економски калкулации поради економските аспекти. Државата е стабилна и ликвидна, финансиски. Да носите предвреме мерки и да правите штета на економијата, не треба. Не мислам дека треба ни ја да понесам одговорност, бидејќи ние за разлика од вас, сметаме дека треба да има позитивни вести. Апсолутно не чувствуваме никаква причина да понесеме одговорност. Ако има една причина каде нешто лошо сме направиле, освен не знам, чувствата дека треба некој да прави харакири? Некој да направи било што поради мачнотијата? Нема предрасуди никој, ниту резерви. “, рече Заев.

— реклама —

Премиерот вели дека министерот Венко Филипче заедно со здравствените работници, се херои.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, на прашањето за одговорност вели:

„За што да понесам одговорност, дајте ми факти“.

Епидемиологот Караџовски им постави контра прашање на новинарите: „Зошто не се побара одговорност од Борис Џонсон, Меркел? Италијанскиот премиер?“, кога го прашаа дали некој ќе понесе одговорност за широката распространетост на коронавирусот.

„Имаа по 100 илјади случаи, луѓе умираа по ходници. Кога ние се справуваме со пандемијата, зошто не кажавме дека добро се справуваме со пандемијата? Ми се чини дека тенденциозните работи, дека некој нешто не презел, веројатно алудирате на комисијата дека не презела. Комисијата ги анализира податоците. Министерот е известен. Ако ме прашувате дали министерот Филипче во делот на неинформираноста на Владата – не. Вашата телевизија, во недела на пладне, ми испрати пораки: „Дали комисијата одржала седница, дали нешто се планира?“. Бидете сигурни, не вас, туку на никого нема да му одговорам во недела дали нешто се планира, кога не сме одржале состанок. Во понеделник ги анализираме состојбите. Не можам да се претворам во дневен информатор на телевизиите или медиуми“, рече Караџовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања