Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Оди си“ - прва песна со видеоспот на Мите Стоилков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Mite-6

Победникот од пред две години на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“,  Мите Стоилков пред еден ден ја објави неговата прва песна со наслов „Оди си“.

— реклама —

Станува збор за прекрасна балада, за која Стоилков сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на Даниел Јовески.

— реклама —

За музиката и аранжманот на песната се погрижи токму Мите, додека текстот е дело на почитуваниот хит-мејкер, Огнен Неделковски.

— реклама —

По повод ова првенче, Мите исто така пред неколку дена организираше и промоција на која присуствуваа многу негови пријатели, колеги од естрадата, претставници на седмата сила и многу други.

Спотот како што погоре пишува е дело на Јовески, а во него покрај Мите се појавуваат и статисти кои само дополнително придонесоа ова видео да изгледа прекрасно.

- Задоволен сум од целиот прозивод. Долго работев на него, работев со внимание, љубов и го добив резултатот кој што го посакував. Се надевам дека во оваа песна ќе се пронајдат многумина, бидејќи е автобиографска и опиша еден дел од мојот живот кој сакам побрзо да го заборавам - изјави Стоилков.

Инаку младиот пејач веќе размислува и на следната песна и спот. Тој вели дека тука не застанува, дека допрва публиката ќе има прилика да слушне и да види од него музички новитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања