Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Одложен прекинот за реемитување на домашни и странски ТВ канали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tv-kanali

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.

— реклама —

Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.

– На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Зaкoнoт за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.

— реклама —

Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните. Прекинoт на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања