„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Одложени судењата на СЈО за „Траекторија“ и „Транспортер“ каде обвинети се челници на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Mile-Janakieski

— реклама —

— реклама —

Судењата за предметите „Транспортер“ и „Траекторија“ на СЈО денеска беа одложени на барање на државното јавно обвинителство и на специјалното јавно обвинителство.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Во петокот беа одложени и судењата „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“, поради префрлање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство. Тогаш обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека најверојатно ќе бидат одложени наредните неколку рочишта додека не се одлучи кои обвинители ќе ги водат предметите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања