Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Одложено рочиште за оценка на Обвинителниот акт во кој се обвинети градоначалник,  осум службеници и две одговорни лица од изведувач

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
ojo-1

По поднесување на Обвинителниот акт поднесен до Основниот кривичен суд – Скопје на 30.10.2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на Обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување  на постапката за спогодување со обвинетите побара да се одложи рочиштето.

— реклама —

Откако обвинетите ќе се спогодат со јавниот обвинител, Предлог – спогодбите  ќе бидат доставени до судија на претходна постапка кој во рок од три дена од доставувањето треба да закаже рочишта по поднесените Предлог – спогодби. За лицата со кои јавниот обвинител нема да постигне спогодба и за обвинетите што не дадоа изјави за признавање на вина закажано е ново рочиште за оценка на обвинителниот акт за 26.12.2019 година.

Според Обвинителниот акт обвинети се 11 лица  – градоначалник,  осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор.  Според дејствијата опишани во актот првообвинетиот сторил повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.3 и едно кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 од Кривичниот Законик, на седуммина им се става на товар кривично дело Несовесно работење во служба од чл.353-в ст.5 и две лица, со опишаните дејствија во обвинението, сториле кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања