Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Одложено судењето против браќата Усеини од Охрид, Нефи Усеини е во изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nefi-useini-660x330-1

Не се одржа ниту третото по ред рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води против браќата Нефи и Ибраим Усеини. Причина за неодржувањето на дешениот распит е што поради Ковид-19 на првообвинетиот Нефи Усеини му е изречена мерка домашна изолација, објави МИА.

Инаку, првото рочиште од процесот беше одложено за 26 октомври, поради влошената здравствена состојба на Ибраим, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини. Тогаш пред Судскиот совет од предметот што го водеше судијата Милчо Клишески не се појави ниту Спиро Топалоски оштетениот и главен сведок во судењето, со образложение дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата.

— реклама —

Второто рочиште не се одржа поради тоа што второобвинетиот Ибраим Усеини беше на оперативно лекување во странство и стоматолошка интервенција на оштетениот Спиро Топалоски.

— реклама —

Покрај денешното, предметот што сега го води судијката Билјана Белеска имаше закажано уште едно рочиште на 3 декември што, исто така е одложено, со појаснување дека процесот треба да продолжи во јануари 2021 година.

— реклама —

Обвинителството покрена постапка против браќата Усеини за настан што се случи на 18 август годинава кога пред хотел во Охрид Спиро Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, при што според првичната изјава на оштетениот бил изваден и пиштол, а кон него и неговиот малолетен син биле упатувани закани. Судскиот процес против нив се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство“, иако против нив првично беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Оштетениот Топалоски го смена исказот даден во предистрага, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава. За одбраната исказот на Топалоски даден пред Јавен обвинител беше посочена како единствен валиден доказ во постапката.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања