Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Одлука на Комисија за жалби при Советот за етика во медиумите за текст „Командир и инспекторка јаделе, пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе го затворат објектот и тоа во лето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Слајдер
skopke-11

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (CEMM), на седницата одржана на 11 февруари 2020 година, врз основа на примена жалба од Вики Видосава Антоновска, ја донесе следната: 

ОДЛУКА 

— реклама —

Интернет – порталот „Скопје“, со текстот насловен „(ФОТО) Командир и инспекторка јаделе, пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе го затворат објектот и тоа во лето“, го прекрши Кодексот на новинарите во членовите 1, 3 и 7. 

До извршната канцеларија на Советот за етика во медиумите на Македонија, на 15 јануари 2020 година, Вики Видосава Антоновска поднесе жалба за текстот со наслов „(ФОТО) Командир и инспекторка јаделе, пиеле и не сакале да платат, се заканиле дека ќе то затворат објектот и тоа во лето“, објавен на 31 декември 2019 година, на интернет — порталот „Скопје“ (www.skopje1.mk). 

— реклама —

Во жалбата се наведува дека текстот содржи говор на омраза, неточно и нефер известување, нарушување на приватноста, пристрасност во информирањето, незастапена втора страна, навреда и клевета. 

ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ 

Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби, по приемот и разгледување на жалбата, стапи во контакт со интернет - порталот „Скопје1“ и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата. Медиумот не одговори на наводите на жалбата. 

ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ 

Комисијата за жалби утврди дека жалбата е ОСНОВАНА и едногласно одлучи дека Кодексот на новинарите на Македонија е прекршен во членовите 1, 3 и 7. 

Член 1: „Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што 

д јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“. 

Член 3: „Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информација“. 

Член 7: Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ја почитува личната болка и 

жалост, 

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија 

www.semm.mk 

info@semm.mk 

(02) 3222-595 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА 

На седницата на 11 февруари 2020 година, членовите на Комисијата за жалби ги разгледаа наводите на жалителот и извршија увид во спорната содржина. 

Комисијата, најпрво, утврди дека се работи за текст без автор, чија содржина се заснова на „Фејсбук“ статус на сопственик на охридски ресторан, кој обвинува за наводно самоволие на командир и инспекторка во неговиот локал. 

Новинарскиот производ е едностран и не ги согледува сите значајни аспекти на темата за која се говори. Медиумот требало да обезбеди што е можно пообјективна и проверена информација, наместо да смета дека е доволно да го пренесе само тврдењето на сопственикот на ресторанот, нудејќи го како извесен епилог. Авторот морал да изрази резерва, воздржаност и сомнеж кон „Фејсбук“ статусот. Ова уште повеќе што интернет порталот од самиот статус презел и споделил фотографија на која се прикажани двете лица посочени дека се заканувале и одбивале да ја платат сметката во локалот. 

Медиумите се одговорни и за искажаното на социјалните мрежи, зашто со нивното објавување таквите содржини добиваат јавност и, затоа, не ги ослободуваат од одговорност. Со оглед на тоа дека на социјалните мрежи честопати може да се најдат лажни и непроверени информации, Комисијата се согласи и дека интернет - порталот „Скопје 1“, во случајов, требало да ја потврди точноста на информацијата пласирана на социјалната мрежа. 

Оттука, Комисијата најде дека во текстот е прекршен членот 1 од Кодексот на новинарите, чија отстапка особено е нагласена во воведниот дел од текстот: 

„Јаделе, пиеле цела вечер и не сакале да платат. Вчеравечер во охридски познат ресторан заменик - командир и инспеторка јаделе, пиеле, уживале под изговор „Господ ќе ви плати“. Тие ги искористиле своите функции, заканувајќи се на персоналом – домаќините дека објектот ќе го затворат, и тоа во лето.“ 

бчноста се морални императиви на новинарството, затоа Новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора. 

Во продолжение, Комисијата заклучи дека со објавувањето на фотографијата, на која се гледаат двете лица, посочени во текстот дека предизвикале вербален инцидент во ресторанот, интернет – порталот ја нарушил нивната приватност и приватноста на другите присутни во ресторанот, а чии лица се јасно видливи. Со тоа го прекршил и членот 7 од Кодексот на новинарите, според кој, новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. 

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија 

www.semm.mk 

info@semm.mk 

(02) 3222-595 

Информации за приватниот живот на одредена личност можат да бидат објавени само доколку однесувањето на таа личност во приватниот живот има влијание врз јавниот интере Во такви ситуации, треба да се провери дали објавувањето на информацијата би можело да загрози и некоја друга личност. 

Во овој контекст, Комисијата, при одлучувањето, го зеде предвид и чл.2 ст.1, т.1 од Законот за заштита на личните податоци и констатира дека во овој случај, во согласност со самата дефиниција пропишана во членот, од фотографијата многу лесно може да се утврди личниот профил, односно идентитетот на лицата на фотографијата врз основа на нивната 

физиономија. 

Понатаму, Комисијата најде дека подносителот на жалбата испратил и демант, но дека 

копје 1“ не го објавил. Со тоа, медиумот не го испочитувал загарантираното право на жалителот и го прекршил и членот 3 од Кодексот на новинарите, кој налага дека новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информација. Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа на новинарот и затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди демант, исправка или одговор во медиумот во кој информацијата е објавена. На тој начин, новинарот го штити и сопствениот интегритет, но и интегритетот на медиумот во кој работи. 

При своето одлучување, Комисијата ги зеде предвид и: 

* Членот 25 од Уставот, во кој се вели дека на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. 

* Членот 16 од Уставот во делот во кој се вели: 

Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. 

* Членот 17 од Законот за медиуми (Право на исправка на објавена информација), во делот кој се вели: 

Секој има право од издавач на медиум, односно од одговорен уредник на издавач на медиум да бара, без надоместок, да објави исправка на објавената информација во која се наведуваат неточни факти објавени во информацијата, а со кои биле повредени неговите права или интереси. Право на исправка имаат и правните лица и другите организации и тела, доколку со информацијата биле повредени нивните права или интереси. 

Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов 54/2 1000 Скопје, Македонија 

www.semm.mk 

info@semm.mk 

(02) 3222-595 

Во согласност со наведеното, Комисијата одлучи како што е погоре наведено. 

Во работата на Комисијата учествуваа членовите Мирче Адамчевски, Сефер Тахири, Теофил Блажевски, Лилјана Пецова – Илиеска и Ердем Ахмет. 

Се обврзува интернет - порталот „Скопје1“ (www.skopje1.mk), во согласност со членот 18 од Деловникот за работа на Комисијата за жалби, да ја објави оваа одлука. 

Со почит, Совет за етика во медиумите на Македонија 

Претседател на Комисијата за жалби 

Мирче Адамчевски 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања