Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Одлука за неспроведување стратегиска оцена стигна од Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
opstina-ohrid

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18,), Општина Охрид, на ден 26.07.2021 година, донесе

ОДЛУКА ЗА НЕСПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА

— реклама —

За планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.1-опфат 2, (изменување и дополнување) КО Охрид 2 и КО Охрид 4 Општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .

— реклама —

Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mk

— реклама —

Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став(4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП за УЗ 12, УБ 12.1-опфат 2, (изменување и дополнување) КО Охрид 2 и КО Охрид 4, Општина Охрид, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето и изработувањето на планот е предвиден во Програма за измени и дополнување на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2020-2022, донесена од страна на Совет на општина Охрид со бр.08-9790 од 09.11.2020г, а основ е постојниот ГУП за град Охрид. Со реализација на планскиот документ е предвидена следната класа на намени: А1- домување во станбени куќи, А2-домување во станбени згради, Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури и Д1-паровско зеленило, со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основната, во рамки на дозволениот процент. Во планскиот документ се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документот нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Исто така во планскиот опфат зеленилото се предвидува во рамките на градежната парцела. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.

Против ова одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања