Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Oдлуката на СОНК e ненадоместлива штета во образованието на учениците, вели премиерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одлуката на СОНК да ја одбие понудата за покачување на платите во образованието и предучилишното згрижување го оценува како ненадоместлива штета во образованието на учениците и отежнување на секојдневието на родителите.

— реклама —

Во продолжение на ова соопштение во го пренесуваме текстот со реакцијата на премиерот Ковачевски во целост:

„Денес започнува втората недела во која децата нема да бидат во училишните клупи. Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10%, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите.

— реклама —

Владата прави сериозни напори за да се избори со кризата, да ги амортизира поскапувањата и да обезбеди достоинствен живот за нашите граѓани, пред сѐ за најранливите. И во вакви тешки услови на светска криза, ние сме веројатно единствената Влада која овозможи историско зголемување на платите и пензиите и силно финансиски ги поддржа граѓаните.

— реклама —

И покрај сѐ, СОНК смета дека покачувањето на платите од 2.500 денари е малку. Во услови кога со антикризните мерки кои ги донесе Владата сметките на граѓаните се помали за 4.000 денари месечно. Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата.

Од 2017 година до денес, платите во образованието ги покачивме за 21%. Со овие дополнителни 10% тоа би биле 31% покачување кои за СОНК во услови на светска економска криза не се доволно. За споредба, за пет години, од 2011 до 2016 година платите во образованието беа покачени за само 4%.

— реклама —

Владата прави сѐ што треба за да го одржи дијалогот и да најде заеднички јазик, но барањата и односот на СОНК се целосно неприфатливи. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено СОНК и раководството се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања