Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Одлуката за неприсуството на функционерите од СДС на отворањето на културниот клуб во Благоевград е понижувачка и недостојна кон Македонците во Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski-27.05.2022

Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДС кон македонското малцинство во Бугарија.

Одлуката за неприсуството на овој настан од страна на антимакедонската власт е понижувачка и недостојна. Македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата.

— реклама —

Овој настан е одлична можност да се покаже национално единство и поддршка за македонското малцинство во Бугарија. Но власта на СДС не се надмина себеси, и не ја надмина својата поданичка политика. Антимакедонската СДС одлучи да слугува за туѓи интереси.

— реклама —

Наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал.

Антимакедонската СДС води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа. Додека дома целосно ја опљачка државата и ги осиромаши граѓаните, така и надвор од границите, целосно ги игнорира барањата и го остава без никаква поддршка македонското малцинство.

— реклама —

За ваквата антидржавна политика, Ковачевски, Пендаровски и функционерите од СДС ќе ја добијат казната од граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања