„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Одмазничка порнографија“ станува кривично дело во Србија – малолетниците најчесто жртви, но и сторители!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
detska-pornografija-1

Во рамките на најавените измени на Кривичниот законик што ќе се разгледуваат во есен, српското Министерство за правда ќе воведе ново кривично дело – одмазничка порнографија, сè почесто присутна форма на дигитално насилство.

— реклама —

Министерот за правда Ненад Вујиќ посочи дека измените имаат цел дополнително да ги заштитат малолетниците, кои, според досегашните сознанија, најчесто се појавуваат и како жртви и како сторители на вакви случаи.

Оваа законска измена е дел од поширок пакет реформи што ќе бидат разгледани на есенската сесија на Народното собрание.

— реклама —

„Законите мора да се менуваат. Тие треба да го следат животот и новите форми на загрозување на правата“, изјави Вујиќ за агенцијата Танјуг, истакнувајќи дека правната рамка мора да се прилагоди на современите закани.

Паралелно, се најавуваат и измени во регулативата што се однесува на малолетниците, особено во контекст на врсничко насилство.

Според Вујиќ, се планираат измени на законите кои ја регулираат поведението на деца со нарушувања во однесувањето, како и мерки за зајакнување на родителската одговорност.

Меѓу најавените реформи се и измени на Законот за кривична постапка, Законот за малолетни престапници, како и закони поврзани со спроведувањето и безбедноста, борбата против семејното насилство и корупцијата.

Министерот нагласи дека дел од промените произлегуваат од обврските во рамките на пристапниот процес кон Европската унија, како и од препораките на меѓународни тела како ГРЕКО и МАНИВАЛ.

Дел од законските предлози ќе бидат отворени за јавна расправа, додека другите ќе бидат дополнително презентирани пред граѓаните пред да бидат усвоени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања