„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Одобрен Акцискиот план за Преспанското Езеро со првични средства во износ од 44.000.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
prespansko-ezeo

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро.

— реклама —

Владата ги задолжи надлежните институции утврдени во Акцискиот план за Преспанско Eзеро, да обезбедат финансиски средства за реализација на мерките на Акцискиот план за Преспанското Езеро, и во таа насока донесе Одлука за одобрување првични средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро.

Ваква Одлука за одобрување на средства во висина од 30.000.000 денари од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година донесе и за општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања