„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Одобрено е обвинението против Нино Васев, Нехат Нухи и онколозите, седнуваат на обвинителна клупа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
nino-vasev

Кривичен суд го одобри обвинението против ексдиректорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и обвинението против онколозите.

— реклама —

„Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб страната на судот“, велат од Кривичен суд.

Поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, е обвинет за два тешки кривични случаи – злоупотреба на функцијата и загрозување на здравјето на пациенти. Според обвинението, кај најмалку 29 пациенти е утврден несоодветен третман со погрешно дозирање и отстапки од онколошките протоколи, за што му помагала колешка од одделот за тумори на дојка. Обвинети се и двајца онколози од одделот за бели дробови, за давање терапија без медицинска основа.

— реклама —

Во вториот предмет, Васев и поранешниот медициски директор Нехат Нухи се обвинети за проневера и измама, со штета од над 35 милиони евра врз државниот буџет и недоставување лекови на пациенти. Скандалот изби пред две години, а Обвинителството го нарекува најсложениот случај досега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања