Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Одржан конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
03092018_PVRSM_Zoran_Zaev_na_prviot_-sostanok_na_komitetot_za_pregovori_2

Во рамките на подготовките и во очекување на датумот за преговори со Европската Унија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна  Македонија во Европската Унија, на кој се разгледуваа модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори, со цел поадекватно позиционирање на државата во клучните фази на процесот на пристапување  на земјата во Унијата.

Комитетот за преговори со кој претседава Премиерот Зоран Заев е највисоко работно тело на Владата за координација на процесот на пристапни преговори ги разгледува и утврдува предлог-преговарачките позиции, расправа и зазема став по најважните прашања кои произлегуваат од преговорите.

— реклама —

Комитетот ја утврдува динамиката на преговорите, роковите за хармонизација на законодавството и изворите на потребните финансиски средства за исполнување на преземените обврски во текот на преговорите.

— реклама —

На денешниот прв состанок, беше поздравена иницијативата и беа дадени насоки за разработување на моделот на вклучување на граѓанските организации во процесот на пристапни преговори за членство на нашата земја во ЕУ.

— реклама —

Премиерот Зоран Заев кој е на чело на ова тело ја истакна потребата од брза реакција на сите кои ќе бидат вклучени во процесот во една од најзначајните фази за нашата држава.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања