Промени тема
Контакт

Одржана 41. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Вчера, се одржа 41. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка. Со тоа успешно се заокружија активностите на Клубот предвидени за оваа календарска година. Во пандемични услови, во виртуелен формат, се одржаа четири сесии, на кои беа презентирани неколку научноистражувачки трудови во областа на макроекономијата и финансиите.

По отворањето на сесијата, со обраќање на вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, беше презентиран трудот „Кластерска анализа на посебни индикатори на банкарските системи на Северна Македонија, земјите членки на ЕУ и балканските земји“ од Емилија Стојанова-Ивановска.

— реклама —

Во трудот со емпириски пристап се прави споредба на неколку показатели за банкарскиот систем, со цел да се согледа неговата сличност со земји членки на Европската Унија, или со селектирани земји од регионот. Како што беше посочено во презентацијата, врз основа на спроведената кластерска анализа, нивото на концентрација во банкарскиот систем на нашата земја е умерено и прифатливо. Споредбено, тоа е повисоко од дел од земјите од регионот, а слично со некои од земјите членки на ЕУ.

Воедно, во ова истражување е направена и кластерска анализа на показателите за финансиско посредување, која покажува дека степенот на финансиско посредување во нашата земја и анализираните земји од регионот е понизок во споредба со повеќето од земјите членки на ЕУ. Според презентираните наоди, авторката заклучува дека има простор за понатамошно и постепено продлабочување на нивото на финансиското посредување во нашата земја водејќи притоа сметка за соодветно преземање ризици и со тоа одржување на квалитетот на портфолиото на банките, кое и врз основа на оваа анализа е оценето како подобро во однос на некои од земјите од ЕУ.

— реклама —

По презентацијата, на сесијата се водеше дискусија помеѓу учесниците, поттикната од трудот и изнесените заклучоци.

— реклама —

Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во март в година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања