„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Одржана јавна расправа за оправданоста од долгорочно задолжување на општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
Fizibiliti_zadolzuvanje_07202021003

Денеска во Општина Охрид беше одржана Јавна расправа во врска со Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, во насока на намалување на долгот и враќање на финансиската стабилност.

— реклама —

На расправата се дискутираше за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување, кои беа дадени во физибилити анализата и за сите детали од досегашниот процес на раздолжување, врз основа на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа.

 -Раздолжувањето на општината, беше еден од најважните приоритети на кои бевме исклучително посветени во текот на изминатите две години и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. Во 2017 година, долгот на Општина Охрид изнесуваше 1.573.036.905 денари, а во моментот вкупниот долг на изнесува околу 470.000.000 денари. Продолжуваме со процесот на раздолжување во согласност со сите финансиски препораки и релевантни експертски анализи и се надевам дека ќе успееме да оствариме евидентен успех. Тоа ќе биде една добра основа за развој и напредок на општината, на сите полиња, потенцираше меѓудругото градоначалникот Константин Георгиески, во своето излагање пред присутните.

— реклама —

Претходно, согласно законската регулатива, Физибилити анализата на оправданоста за долгорочно задолжување на општината беше јавно објавена, со цел граѓаните да бидат консултирани и да може да се вклучат со искажување на свои ставови, мислења и предлози за издржливоста на одлуката за раздолжување, по пат на кредитно задолжување од деловна банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања