Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Одржано гостинско предавање за геополитика и финансиски пазари на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library6p0ke1fqcnf2auRQs9z

На Економскиот факултет – Скопје се одржа гостинско предавање на Иван Ивановски (Prime Capital, primeclass.mk) во рамки на Quant Talks, пред професори и студенти. Фокусот беше на влијанието на геополитичките настани врз финансиските пазари и инвестициските стратегии, со посебен акцент на финансиски контракти – нивната структура и примена за управување со ризик, оптимизација на портфолио и позиционирање, како и краток осврт на индексни фондови. Ивановски нагласи дека клучно е градење дисциплиниран начин на размислување и избегнување импулсивни реакции. Настанот ја потврди важноста од поврзување на академијата и индустријата за подигнување на финансиската писменост.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во услови на зголемена глобална неизвесност и динамични економски текови, финансиската писменост сè повеќе се наметнува како суштинска вештина како за пошироката јавност, така и за сите кои активно управуваат со капитал.Во таа насока, на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа гостинско предавање од страна на Иван Ивановски, основач на Prime Capital и креатор на primeclass.mk – водечка едукативна платформа за инвестирање и дневно тргување во Македонија и регионот.

Предавањето беше реализирано во рамки на Quant Talks, во организација на Катедрата за математика и статистика, а се одржа во салата за состаноци на професорите, пред професори, доктори на науки и студенти.

— реклама —

Во фокусот на предавањето беше влијанието на геополитичките случувања врз финансиските пазари, при што беа анализирани актуелни глобални теми како воени конфликти, политички тензии и економски политики, и нивното директно влијание врз движењата на светските берзи и инвестициските стратегии.

— реклама —

Посебен акцент беше ставен на делот на финансиските контракти нивната структура, механика и практична примена на пазарите. Преку конкретни примери, присутните имаа можност подетално да се запознаат со начинот на кој овие инструменти се користат за управување со ризик, оптимизација на портфолио и позиционирање во услови на нестабилни пазари. Во рамки на дискусијата, накратко беше опфатено и инвестирањето преку индексни фондови, како дел од поширокиот пристап кон современото инвестирање.

— реклама —

На предавањето присуствуваа и активно учествуваа во дискусијата професорите Драган Тевдовски, Игор Ивановски, Леонид Наков и Борче Треновски, чие присуство придонесе за дополнителна стручна длабочина и квалитетна размена на мислења.

„Нашата цел не е да предвидиме што точно ќе се случи на пазарите, туку да изградиме начин на размислување. Во услови на неизвесност, најголемата грешка е импулсивната реакција. Наместо тоа, клучно е да се остане доследен на стратегијата да се задржат позициите и, кога постои основа, да се искористат можностите за дополнително инвестирање.

Геополитиката не е теорија, туку фактор што директно влијае врз капиталот, а контрактите се еден од инструментите преку кои тој ризик може да се разбере и управува.

Финансиската писменост значи разбирање на процесите, а не реагирање на настаните,“ истакна Ивановски за време на предавањето.

Настанот претставува уште една потврда за значењето на поврзувањето помеѓу академската заедница и практичната индустрија, со цел унапредување на знаењето и подготвеноста на новите генерации.

Од Економскиот факултет во Скопје истакнаа благодарност до Иван Ивановски за квалитетното предавање и значајниот придонес кон приближување на финансиските пазари до академската заедница.

Prime Class и Prime Capital продолжуваат со активности насочени кон подигнување на финансиската писменост и приближување на финансиските пазари до пошироката јавност, со јасна визија за создавање поинформирана и економски подготвена заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања