Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Одземен пасошот на осомничениот за нападот врз бизнисменот Зоран Азманов, доби и забрана за приближување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 29 минути -

Македонија
media-library05g4thts8ldu97elu9a

На 61-годишниот маж осомничен за физичкиот напад врз познатиот македонски бизнисмен Зоран Азманов во Основниот граѓански суд во Скопје му се определени мерки на претпазливост, дознава Скопје1.

— реклама —

Прифатен е предлогот за определување три мерки – одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување кај надлежен орган и забрана за приближување.

Мерките следуваат по инцидентот што се случи вчера во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што Азманов, кој е директор и претседател на Надзорниот одбор на градежната компанија „Настел“, бил физички нападнат.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи претходно за Скопје1 потврдија дека нападот бил пријавен на 6 ноември во 09:47 часот.

— реклама —

„На 06.11.2026 во 09:47 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Основен граѓански суд З.А.(67) бил физички нападнат од Ѓ.С.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Според неофицијалните информации на Скопје1, инцидентот се случил за време на судење, но засега не се познати причините што му претходеле на физичкиот напад, ниту степенот на евентуалните повреди на Азманов.

— реклама —

Со определените мерки, на осомничениот му се ограничува можноста за патување и приближување, а истовремено се обезбедува неговата достапност за надлежните органи во понатамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library05g4thts8ldu97elu9a

Познат бизнисмен утрово бил натепан во Граѓанскиот суд, случајот го пријавил во полиција

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања