На 20.06.2019 година во периодот од 11.00 до 12.45 часот полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат Тетово, извршиле контрола во продавници за текстил на улица „Маршал Тито”, сопственост на Д.А. и Р.Б., двајцата од Тетово.
При контролата била пронајдена и одземена текстилна стока и обувки од познати брендови, спротивно на член 285 од Кривичниот законик – „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По целосно документирање на случајот против лицатa ќе биде поднесена соодветна пријава.