Одземена дозволата за работа на ТВ Орбис – Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Orbis-logo

Згаснува локалната телевизија Орбис од Битола. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе одлука со која се одзема дозволата на ТРД РТВ Орбис ДООЕЛ Битола поради не исполнување на условите за работа.

— реклама —

Телевизијата веќе неколку месеци работи со емитување на репризна програма без продукција на нова, откако сите вработени во еден ден ја напуштија телевизијата.

— реклама —

Донесената одлука сега треба да биде објавена во службен весник и во два печатени медиуми.

— реклама —

Орбис ТВ беше приватна локална телевизиска станица, која започнала да емитува на македонски јазик на дваесет и петти декември 1990 година во Битола.

Пред Орбис, во Битола се затвори и регионалната телевизија Мега, а во моментов работи само Тера ТВ.

Телевизијата неколку месеци беше во стечај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања