Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Одземени 225кг дрога од правен субјект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
marihuana

Денеска (06.07.2023) од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци, по претходно спроведена истрага, од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во с.Сопот, одземени се 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис.

— реклама —
— реклама —

Имено, по претходно преземени и координирани мерки и активности, како и обезбедени докази дека правното лице постапувало спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги, односно во објектите на правното лице вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот, по претходно обезбедени наредби од Основен суд Кавадарци, како и по претходно извршена контрола на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнување на условите во однос на простор, опрема, кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, одземена е марихуана за која се утврдени неправилности во работењето на правното лице.

— реклама —
— реклама —

Притоа, во сеф собата беше пронајден сув цвет од канабис кој не беше спакуван и означен согласно законските прописи, а во останатите простории беше пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисијата од Министерството за здравство. Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, односно во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра. Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања